МАКЕДОНИЈА

Приведени дилери на кокаин од Скопје и Кичево

При спроведена координирана полициска акција од страна на Одделот за криминалистичка полиција Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и ОВР Струга, ОВР Кичево и СВР Скопје приведени се двајца дилери на наркотична дрога кокаин, А.П.(52) од Кичево и А.Т.(35) од Скопје.

Против лицата е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по член 215 од Кривичниот законик. Од страна на Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на лицата им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button