Полицијата од Демир Хисар приведе две лица во врска со пожарот што изби на градската депонија

Полицијата од Демир Хисар вчера попладне привела две лица – С.Ф. (28) и А.С. (48), двајцата од Прилеп – кои се сомничат дека го предизвикале вчерашниот пожар на градската депонија во Демир Хисар.
„Лишени се од слобода поради сомнение за сторено кривично дело ‘предизвикување општа опасност’ по член 288 од Кривичниот законик. Се сомничат дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени предмети со кои го предизвикале пожарот“, наведуваат од МВР.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Пожарот на градската депонија во Демир Хисар изби вчера околу 13 часот. Пожарот го гасеа петмина пожарникари од Територијалната противпожарна единица Демир Хисар со две противпожарни возила, Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ со пет работници и една градежна машина.