ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата приведе двајца 18-годишници за палењето на огнометот во Скопје, славеле роденден

Скопската полиција приведе две лица – и двете на 18-годишна возраст – кои вчера го организирале палењето на огнометот во Скопје, кога во целата држава е прогласена седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани.

За ова утринава информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде што посочуваат дека полицијата постапила веднаш откако во 21:25 часот вечерта било пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и оти не се почитува владината одлука за седумдневна жалост.

Advertisements

„Од страна на полициските службеници на СВР Скопје веднаш е постапено и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М. Ф. (18) и М. Ф. (18), двајцата од Скопје, бил запален огнометот“, информираат од МВР.

Од Министерството додаваат дека двајцата се приведени и задржани во полициска станица во врска со членот 387 од Кривичниот законик, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button