РЕГИОН
Полицијата пронајде голем број деца во куќа во Брчко, тројца уапсени за трговија со луѓе

Полицијата во Босна и Херцеговина(БиХ) пронајде голем број деца при рација на непозната локација во североисточниот округ Брчко, при што три лица се осомничени за трговија со луѓе и злооупотреба на деца, јави агенцијата АФП.
Во соопштението од полицијата се вели дека децата биле однесени на „безбедна локација“.
Истрагата е во тек и не беа кажани детали за бројот на спасени деца, нивната возраст или националност.
Кога беше контактирана од АФП, полицијата во округот Брчко не даде дополнителни информации, велејќи само дека обвинителите, Агенцијата за социјална заштита на БиХ и Црвениот крст им помагаат на истражителите.