Полицијата трага по 14-годишно девојче од Скопје

Полицијата и денеска трага по 14-годишното девојче, на кое вчера му се изгуби трагата, откако во 7 часот наутро заминало во училиште, во општина Центар во Скопје.
За исчезнувањето на девојчето на социјалните мрежи информираше неговата мајка Зорица, која побара помош од граѓаните да се најде нејзината ќерка Вања.
Мајката во разговор за Канал 5 информираше дека телефонот на нејзината ќерка бил исклучен веднаш откако таа се упатила кон училиштето „Песталоци“. Потоа, класниот раководител ја информирал дека девојчето не е дојдено на настава, а од нејзиниот дом до училиштето имало само 7 минути пешки.
Од полицијата информираа дека МВР ги вклучи сите капацитети на СВР Скопје на највисоко можно ниво извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камерите, а истрагата продолжи интензивно и ноќеска.