МАКЕДОНИЈА

Полицијата уапси 33-годишен скопјанец за одгледување наркотици

Полицијата откри две нелегални лаборатории за преработка на марихуана во Скопје. Министерството за внатрешни работи соопшти дека двете импровизирани лаборатории се наоѓале во два стана со различни адреси. Втората лабораторија е откриена при претрес во станот на осомничениот Ѓорѓи Гајдов (33), жител на Скопје, кој е уапсен и се наоѓа на понатамошна постапка.

„Во првата рација беа запленети 71 корен канабис, гранки во процес на сушење и пакувања со семе од марихуана. При претресот било утврдено дека осомничениот користи и стан на друга адреса, сопственост на неговиот дедо. Од втората адреса биле конфискувани 81 корен канабис сатива. Пронајдени се уште 12 новозасадени саксии“, наведуваат од МВР.

Полицијата информира дека канабисот бил складиран и огледуван во посебни простории во кои имало светилки, вентилатори, засилувачи за електрична енергија, специјални рефлектори за светлина и опрема за одржување на потребната температура. По апсењето на осомничениот, полицијата, покрај канабисот, запленил и пакети подготвени за пазар. 33-годишникот и е познат на полицијата како лице со криминално досие. Бил осуден за кривично дело „обработка и трговија со опојни дроги„, а имал и други кривични пријави.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button