ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата зад петиците на крадците на голфови 5-ки во скопски Чаир

Полицијата им е во трагата на крадците на автомобили во Скопје. АЛСАТ од извори во полицијата ја дознава организациската структура. Неа ја формирал Ш.Н. жител на општина Липково, познат по криминални активности и во европски земји како Германија и Швајцарија, како и претходно осудуван за слични кривични дела. Две други лица со иницијали Д.А. од Куманово и А.А. од Скопје за кого извори од истражната група велат дека е таксист, биле дел од групата на Ш.Н. за крадењето на неколкуте автомобили фолксваген и други, главно во Чаир. Полициски извори неофицијално велат дека лице од Куманово со иницијали Б.Т. со прекар „Гуми“ е логистичка поддршка, но неговата конкретна активност сè уште не е потврдена. И тој е познат по претходни криминални дела.

Advertisements

Криминалната група, како што дознава АЛСАТ, функционирала со добра структурира. Имено, има лице кое ги отвора автомобилите, друг ги декодира, а трет го вози украдениот автомобил надвор од Скопје до сè уште непозната дестинација. Декодирањето, според наши извори, групата го прави преку т.н. скарт, уред што го поврзува електронскиот систем на возилото со лаптоп преку кого се исклучува алармот и го олеснува стартувањето без материјални последици. АЛСАТ дури дознава дека 2 лица од оваа група биле уапсени, но обвинителството ги ослободило и не им изрекло мерки на претпазливост со оправдување дека нема доволно докази. Еден член на криминалната група е во бегство.

Со денови, во Скопје се алармираше за кражба на автомобили, што за разлика од порано, се однесуваше на кражба на само еден вид автомобил, голф 5, затоа што разбојниците имале компјутерска опрема за декодирање само за овој вид автомобили. И покрај полициската операција, сè уште е нејасно крајната дестинација на автомобилите, дали се продаваат цели или на делови и каде завршуваат; дали во Тетово, дали во работилница во Визбегово, во Куманово или нелегално се пренесени на Косово.

Вчера на прашање од АЛСАТ дали можеби акцијата за пронаоѓање на групата пропаднала, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави: „Имаме сериозен напредок во истрагата. Наскоро ќе ја информираме јавноста за овие кражби на автомобили“. Спасовски додаде и дека во оваа фаза било многу важно да не се оддаваат информации за истрагата.

Операцијата на Одделот за криминал против имот и малолетничка деликвенција во рамките на СВР Скопје трае со денови, од пријавувањето на граѓаните пред речиси две недели, проширувајќи ја операцијата до Куманово. Како материјален доказ е земен материјал од системот „Сејф сити“, како и од  америте во близина на банки, продавници и други деловни објекти.

Досега се украдени најмалку 7 автомобили „голф 5“, сите на територијата на општина Чаир. Повеќе кражби на возила имаше и во 2018 година, но никогаш цел на крадците не бил само еден вид автомобили како сега.

 

Адријан Керими

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button