ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО на протест, Мицкоски: „Викендов Македонија се распарчува во Софија“

Оставка на Зоран Заев и стоп за тргувањето со македонскиот идентитет. Опозицијата денеска на нов протест во Скопје. Од пред Владата, лидерот на партијата Христијан Мицкоски рече дека има информација оти викендов Македонија се распарчувала во Софија и се преговара за македонскиот идентитет. Испрати четири пораки – првата до бугарските политичари.

„Наместо да велите дека Мицкоски предводи анти-бугарска хистерија во Република Македонија, најдобро би било да дојдете овде при првата посета недалеку од зградата на Владата, пред оној споменик на паднатите борци од народноослободителната борба, да клекнете, да го следите примерот на Вили Бранд и да се извините на овој народ тоа што сте му го направиле, ова е вашата последна шанса.“

Мицкоски побара меѓународниот фактор да не дозвили да се шират политики од средниот век. На Заев му порача дека освен за криминал, ќе одговара и за велепредавство.

„И четвртата работа до македонскиот народ и до македонската нација, до Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците, Еѓиптјаните, до сите наши сограѓани, излезете браќа и сестри и помогнете ѝ на Македонија.“

Опозицијата протестира трет ден по ред, по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарски медиум во кој даде повеќе чувствителни изјави кои ја разбрануваа јавноста во земјава.

Bojan Stojanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button