ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Помалку од 1% од вакцинираните повторно се заразиле со КОВИД

За првпат по неколку месеци, последните 24 часа повторно имаме над илјада новозаразени. Податоците на ИЈЗ покажуваат дека бројот на позитивно дијагностицирани е над илјада и според нивните анкети се очекува брз пораст во наредните денови. Од друга страна, капацитетите на болниците се преоптоварени, па сега функционираат резервните одделенија на модуларните клиники. Според министерот за здравство, најголем притисок има во градовите каде што има помалку вакцинирани, како Тетово, Гостивар, Куманово и Кичево. Најмалку хоспитализирани има во градовите каде што се имунизирани скоро 50% од населението, како што се Охрид, Битола и Штип. Во врска со вакцинираните пациенти кои биле повторно заразени и сега се лекуваат во болница, Филипче даде некои појаснувања.

За да се лоцираат кластерите што се шират во некои населени места, лицата со кои заразените имале контакт се сместуваат во домашна изолација. Но, дилемите на граѓаните кои се вакцинирани, но на кои државата им издала решенија за изолација бидејќи биле во контакт со позитивни лица, им предизвикува проблем на работните места. Министерот Филипче за овие случаи вели дека и покрај вакцинацијата или потврдата дека прележале Ковид во последните 45 дена, овие лица повторно треба да направат ПЦР-тест за да се избегне повторна инфекција и ширење на вирусот.

Инаку, според здравствените власти, интересот на граѓаните за вакцинација продолжува да расте, особено кај помладите генерации. Во последните 24 часа, прва доза примиле 11.732 граѓани, а вчера 17.427. од почетокот на вакцинацијата кај нас дадени се скоро 1 милион 100 илјади вакцини, вкупно за првата и втората доза.

Adna Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button