ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Пониски сметки за домаќинствата кои заштедиле струја

И годинава владата ќе продолжи да ги  субвенционира домаќинствата при промена на енергетски ефикасни ПВЦ прозорци, монтирање на фотонапонски панели, сончеви термални колекторски системи како и намалување на сметките за струја на ранливите категории на граѓани но и за сите оние кои успеале да заштедат струја во однос на ланската година. За оваа цел обезбедени се 3,2 милиони евра. За сончеви колектори владата подмирува 30 отсто од инвестицијата но не повеќе од 15 илјади денари, потоа 50 отсто од трошоците за ПВЦ прозори но не повеќе од 25 илјади денари, за фотоволтаици сумата по домаќинство е 80 илјади денари. Домаќинставата пак со ниски примања ќе добиваат месечно од 600 до 800 денари, а пак домаќинствата кои заштедиле 10 отсто струја во однос на истиот период лани ќе допбијат намалени сметки за 300 денари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button