МАКЕДОНИЈА

Попетревски: Евентуално отсуство на лидерите на Западен Балкан најгласна порака за престојниот Самит

Новинарот Васко Попестревски, во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, коментирајќи ги најавите на лидерите на земјите од Западен Балкан, кои сѐ уште не потврдуваат свое присуство на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува на 23 и 24 јуни, оценува дека нивната колебливост веројатно се должи на предолгото чекање и постојано одложување на почетокот на преговорите со ЕУ.

„С Македонија е земја кандидат од 2005-тта година. 17 години чека во чекалната. Веќе добива димензии на турскиот случај…дај Боже брзо да ги почнеме преговорите, но ова некако изгуби секаква смисла чекајќи и од тука мислам дека силна ќе биде пораката и најгласна ќе биде, ако се види отсуството на шестемина лидери од Западен Балкан на овој Самит“, вели Попетревски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button