ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Поплавите во Германија однесоа 81 жртва, повеќе од 1.000 исчезнати

Бројот на луѓе кои го загубија животот во големите поплави во западниот дел на Германија се зголеми на најмалку 81, јави германскиот радиодифузер АРД. Околу 1.300 лица се водат за исчезнати во областа Ахрвејлер јужно од Келн, соопшти окружната влада на Фејсбук. Мобилните телефонски мрежи не функционираат во некои од поплавените региони, што значи дека семејството и пријателите не беа во можност да ги пронајдат нивните најблиски. Цели делови се отсечени откако надојдените реки зафатија градови и села во државите Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц.

Advertisements

Денеска неколку куќи во Ерфштат близу Келн се урнаа, а спасувачките екипи се бореа да им помогнат на жителите кои се вратиле во своите куќи и покрај предупредувањата, соопшти окружната влада во Келн на Фејсбук. Истекувањето на гас дополнително ги попречува спасувачките екипи кога се обидуваат да стигнат до заглавените луѓе. Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер за магазинот „Шпигел“ изјави дека федералната влада има за цел да обезбеди финансиска поддршка за погодените региони што е можно побрзо.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button