ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради пожар, затворен за сообраќај мостот кој води од „Ист гејт“ до Железничка станица

Големи пламени јазици синоќа го зафатиле мостот во близина на Трговскиот центар „Ист Гејт“ кој води кон Железничката станица во Скопје.

Пожарот е локализиран, а во моментов мостот е затворен за сообраќај од безбедносни причини. Полицијата ги пренасочува возилата.

Уште синоќа на социјалните мрежи се појавија фотографии и видеоснимки од пожарот.

Во текот на денот се очекуваат повеќе информации за причините за избувнувањето на пожарот и за настанатата штета.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button