ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пораки за обединување на денот на празникот 11 Октомври

Високи државни функционери оддадоа почит и положија венци пред спомениците и спомен обележјата на борците на 81-годишнината од Народното востание. Претседателот Стево Пендаровски, честитајќи го 11 Октомври, рече дека државата се соочува со длабока поделба на општеството и повика на единство. Претседателот положи цвеќе на споменикот на ослободителите на Скопје.

„Како што зад слободољубивото знаме застанаа партизани, леви и десни, Македонци и припадници на другите заедници, селани, работници, еснафи и богати, така сега мора да се обединиме и заедно да се соочиме со проблемите. Нека 11 Октомври и антифашистичката војна бидат инспирација за надминување на поделбите и национално помирување преку меѓусебно почитување. Да ги оставиме личните интереси и суети настрана и да работиме за општото добро, благословени со можноста да живееме во слобода и мир во нашата земја“, рече претседателот Пендаровски.

Премиерот Димитар Ковачевски од Меморијалниот споменик во Куманово упати порака дека светото наследство – да се биде на вистинската страна, ќе им биде предадено и на идните генерации. Ковачевски додаде дека државата треба да продолжи по европскиот пат.

Шефот на опозицијата Христијан Мицкоски престојуваше кај своите партиски функционери во Прилеп. Тој рече дека борбата за ослободување не треба да се гледа од гледна точка наметната од власта.

На 11 октомври 1941 година се организира синхронизиран напад на неколку локации во Прилеп – се напаѓа полицијата, затворот и се прекинуваат телефонските врски и струјата. Наредниот ден востанија започнуваат и во Куманово и во Скопје.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button