СПОРТФУДБАЛ

Поранешен голман на Фенербахче, потпиша за Гостивар

Екипата на Гостивар објави и ново засилување. Се работи за голманот Ертен Ерсу кој во минатото бил член на Фенербахче. Ертен Ерсу потекнува од школата на Фенербахче, таму и ја почнува сениорската кариера, бил седум години во овој тим пред да замине за Газиантепспор, бранел и за Коњаспор.

29-годишниот Ерсу никогаш не бил прв голман на Фенербахче, но самото тоа што толку долго бил член на турскиот гигант кажува дека станува збор за квалитетен голман. Се очекува во наредните денови Гостивар да промовираше уште неколку нови засилувања.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button