ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поранешни концесионери на плажи во Охрид ја тужат општината

Miki Trajkoski

Поранешни концесионери на плажи во Охрид ја тужат општината. Ним пред почетокот на минатата туристичка сезона им беше исклучена струјата, а објектите затворени зашто неколку години работеа без концесија. Сега бараат општината да ги обештети за претрпените загуби од неработењето. Висината на побарувањата се неколку стотина илјади евра.

 „Со преземање на низа незаконити притисоци и дејствија на повеќе субјекти и физички лица им е направена голема материјална штета. Тајмингот на таквите преземања, освен што беа незаконски, беа и нечовечки спрема вработените и спрема субјектите. Имаа штета по два основи – пропаднати артикли и исплатени плати на вработени кои не работеле, како и изгубена добивка.“

Поранешните концесионери велат дека тие не се виновни што работеле без концесија, затоа што немало разрешница за отпочнатата постапка за нови концесии. На некои им беа урнати објекти, а плажата вратена во првобитна состојба, каква што била пред десеттина години.

„Барам оштета за срушените објекти. Со судски вештак е направена пресметка и така е доставено. Вредноста на судскиот вештак изнесува околу стотина илјади евра…“

Адвокатите се надеваат дека ќе се најде решение до следната туристичка сезона бидејќи, како што велат, се работи за значајни објекти кои вработуваат голем број на лица. Прифаќаат тоа да биде во рамките на еколошките прописи и препораки на УНЕСКО. Инаку, новата општинска власт на Охрид оцени дека урнатите објекти на плажите не биле дивоградби и најави оти планира тие повторно да бидат давани под концесија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button