ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата доцни со протоколите за дочек на Нова Година во угостителството

Miki Trajkoski

Странските групи со туристи кои сакаат Нова година да ја дочекаат во Струга или Охрид полека ги откажуваат аранжманите затоа што сè уште хотелиерите немаат добиено протоколи од Владата и Комисијата за заразни болести, дали ќе можат и на кој начин да организираат дочек на новогодишната ноќ. Револтирани се од начинот на којшто државата се однесува кон нив, па велат дека мал ќе биде бројот на оние кои би дошле, а притоа да нема организиран прослава во нивните објекти.

https://www.youtube.com/watch?v=vyX6WTxncsE&feature=youtu.be

„Празниците се ближат, а ние сè уште немаме протоколи од Владата.

Во контакт сме и со агенциите коишто не знаат што да понудат и како да понудат…“

Интерес за дочек на Нова година во Охрид има најмногу од домашните гости, но и од соседна Србија.

„Сè зависи од динамиката на развојот на пандемијата и ситуацијата со Ковид 19 којшто може да биде клучен фактор за пополнетост на капацитетите.“

Најголем интерес во Струга има од гости од Албанија и Турција.

„Без протоколи сигурно ќе останеме без клиенти. Агенциите без протоколи сигурно нема да ни донесат гости и нема да има организација.“

Од Хотелската асоцијација на Македонија пак, велат дека и да добијат некакви протоколи за работа од страна на Владата во следниве денови, веќе ќе биде доцна да се организираат странски групи на охридското крајбрежје.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button