ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поранешниот државен обвинител, Зврлевски, сведочеше за „27-ми април“

За случајот „организатори на 27 – ми април“ денеска сведочеше поранешниот државен обвинител, Марко Зврлевски. Тој беше повикан по предлог на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Зврлевски рече дека немал средби со Атанасовски додека бил на чело на тајната полиција, туку порано додека бил доректор на Агенцијата за финансиско разузнавање.

Осудениот Александар Василевски – Нинџа во минатото при своето сведочење за организацијата за крвавиот 27 – ми април, тврдеше дека присутен во штабот на ВМРО – ДПМНЕ во критичниот ден бил и Зврлевски. Како организатори, освен Владмир Атанасовски, обвинети се и поранешниот спикер Трајко Вељаноски и екс-министрите Миле Јанкиески и Спиро Ристовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button