ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поранешните „непријатели“ ја пофалија програмата на Бујар Османи

Поранешните „непријатели“ ја пофалија програмата на Бујар Османи

Откако синоќа поранешните „непријатели“ во Гостивар го потпишаа договорот за заеднички настап на претстојните избори, денеска седнаа на заедничка маса за да ја слушнат изборната програма на кандидатот за претседател на ДУИ, Бујар Османи и да ја потпишат декларацијата за поддршка. Зијадин Села и Мендух Тачи, кои беа главни критичари на Ахмети и функионерите на ДУИ, сега ја пофалија програмата на Османи.

„Храбра програма. Се разбира, ја имате нашата поддршка за заеднички да ја направиме оваа земја попогодна за живеење, поконкурентна и поперспективна”, рече Зијадин Села, АА.

„Оваа програма говори за вашата сериозност на овие луѓе кои се тука, на партиите и нашата искреност дека не планираме резервни држави, резервни здруженија. Сериозни сме во врска со решителноста“, рече Мендух Тачи, ДПА.

Во меѓувреме, Османи во презентирање на својата програма за претседателската трка на 24 април, се фокусираше на евроинтеграциите, избор на претседател на државата во Собранието, партнерството со САД и друго. Додека тој посвети посебно внимание на руската закана.

„Руската опасност е реална и сите ја видовме на 24 февруари со почетокот на руската агресија во Украина. Длабоко сум убеден дека Украина е само првата станица на руските империјалистички амбиции бидејќи ако Русија победи во Украина, тоа ќе биде само почеток на нејзините амбиции во Европа, а втората станица може да биде Придњестровје во Молдавија, а потоа и Западен Балкан како регион, плодна земја за тоа е Босна и Херцеговина, нефункционалноста на Дејтонскиот договор, односот Косово-Србија, но и растечкиот национализам во Северна Македонија како резултат на блокирањето на интеграцијата на земјата“, изјави Бујар Османи, кандидат за претседател.

Додека Османи зборуваше за руската закана, Села слушаше внимателно, заборавајќи дека на 8 март 2022 година го обвини Бујар Османи дека е финансиер на Русија. Во објава на социјалните мрежи, поткрепена со документи од јавната набавка на МНР, Села напиша дека Османи се снабдувал со гориво од руски фирми, што претставувало директна помош за Русија.

И Аријанит Хоџа заборави дека им е лут на Османи и на ДУИ. И тој изнесе обвинувања дека „Министерството предводено од Бујар Османи има договор за снабдување со гориво со руската компанија. Народната поговорка: „Ноќе те убиваат, а дење плачат“, е токму за политичарите како Бујар Османи кои различно зборуваат, а поинаку постапуваат! напиша Хоџа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button