МАКЕДОНИЈА

Портокалово и црвено ниво на опасност! Неделава температури над 40 степени

Топло време со натпросечни температури кои ќе достигнат и до 41 степен, се очекуваат од утре во следните денови, а за денеска попладне има најава за пороен дожд со грмежи и засилен ветер.

Advertisements

Од УХМР информираат дека од утре во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ времето ќе биде многу топло со натпросечни темератури за овој период од годината. Температурата во повеќе места ќе биде над 35 степени.

Најтопло ќе биде во четврток и петок кога температурата на места ќе надмине 40 степени и ќе биде активирано портокалово, а во некои делови и црвено ниво на опасност од високи температури.

Утре темепратурата ќе се движи од 32 до 40 степени, во четврток и петок од 34 до 41 степен, сабота од 33 до 40 степени, недела од 32 до 39 и во недела од 31 до 38 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button