МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај, поради одржување на трките „Колорран 2022“ и „Гран Фондо Скопје 2022“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Трката „Колорран 2022“, организирана од атлетски клуб Korrunners, ќе почне во 08. شرح لعبة بلاك جاك 00 часот. Ќе се одвива по следнава траса – старт на ул. شرح موقع bet365 „Беласица“ пред ТЦ Ист Гејт Мол, десно по булеварот „Гоце Делчев“ (десна коловозна лента), лево по булеварот „Крсте Петков Мисирков“ (десна коловозна лента), лево по кеј „Димитар Влахов“, при што трасата на одвивање на трката ќе се подели на два дела едната траса со движење по велосипедско – рекреативната патека на кејот на реката Вардар до река Серава и назад по истата траса до стартно-целната позиција и втората траса со продолжување по кејот „Димитар Влахов“, покрај зградата на МРТ, право по булеварот„Гоце Делчев“, лево по улицата„Беласица“ до стартно-целната позиција.
Во организација на Велосипедската федерација на Македонија, утре од 10. ربح المال من لعب الالعاب 00 часот ќе се одржи велосипедска трка „Гран Фондо Скопје 2022“.
Трката ќе се одвива по следнава траса – старт од булеварот „Илинден“ кај паркингот на Зоолошка градина, право по булеварот „Илинден“ кон булеварот „8-ми Септември“ каде на крстосницата се врти назад по булеварот „Илинден“ преку мостот „Гоце Делчев“, право по булеварот „Гоце Делчев“ се вози до крстосница со улицата „Филип Втори Македонски“.
Понатаму, се врти назад по булеварот „Гоце Делчев“, пред мостот „Гоце Делчев“ се врти десно по улицата „Самоилова“ околу Кале до Амбасадата на САД и се продолжува право по улицата „Лазар Личеноски“ се до булеварот „Гоце Делчев“ каде се врти десно преку мостот и се до целта каде е и стартната позиција, кај паркингот на Зоолошка градина.
Од МВР соопштија дека Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Advertisements

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button