ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ПОСКАПУВАЊА – да се купува храна или да се плаќаат сметки?

Зголемувањето на трошоците на живот никако да престане. Граѓаните се загрижени за намалената куповна моќ. Невладините организации бараат мерки од надлежните како да им се помогне на најранливите. Во ваква тешка состојба никогаш не живееле граѓаните на земјава, децидни се од Македонската платформа против сиромаштијата.

„Ако вие сега за 3.000 денари може да купите една кеса храна, пред две години сте можеле да купите две кеси со храна. Количината на пари кои во семејствата останала иста, веројатно се намалил и квалитетот на храната или има алтернатива, што со парите? Дали да купите храна или да платите сметки?“, вели Билјана Дуковска, Платформа против сиромаштијата.

И покрај замрзнатите цени на некои основни прехранбени производи, граѓаните се жалат дека во продавниците е многу скапо и едвај ги купуваат работите кои им се неопходни во текот на денот.

„Допрва мислам дека ќе се покачуваат цените, сега на режиските на струја парно…“

„Треба да имаш 1.000 евра плата за да можеш да постигнеш, инаку вака ништо не правиме…“

„Има разлика во цените на храната. Сувомеснати производи, млечните производи“, реагираат граѓаните.

Граѓаните сметаат дека политичарите треба повеќе да посветат внимание на потребите на народот.

„Тие си гледаат за себе, народот никој не го гледа“…

„Нека ги качат платите 600 – 700 евра и ќе нема проблем“…

„Властите треба да се свртат кон економски прашања, ни политики, ни коалиции, ни опозиции, ни ништо друго“, велат граѓаните.

Цените на основните производи ќе бидат замрзнати до крајот на овој месец.

Бранот на поскапувања започна кон средината на ланската година. Прво поскапе маслото за јадење, па следуваа да се продаваат по повисоки цени лебот и белите печива. Подоцна сите прехранбени производи добија повисоки цени по што граѓаните жестоко реагираа.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button