ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поскапувањето на горивата ја промени сликата во сообраќајот

Поскапувањето на горивата ја промени сликата во сообраќајот. Имајќи предвид дека околу 68% од возилата во земјата се на дизел, потрошувачката на дериватите почна да се намалува поради трошоците. Ова се забележува и во сообраќајот на главниот град, каде вообичаено во петок не може да се движите,а  денеска беше речиси празно.

„На најфрекфентната раскрсница на главниот град има драстично намалување на движењето на возилата поради поскапувањето на горивата. Но, во автомобилите што ги гледаме повеќето од нив се само возачи“, изјави новинарот на Алсат,  Аднан Ќаили.

„Подобро е воопшто да не се користат автомобили бидејќи оваа ситуација не е во ред. Мора да се смени!“, Шофер

„Ја тргнав фирмата, не работиме. Не се исплати, лани во ова време нафтата беше 48 денари, сега стана околу 100 денари. Не се исплати. 20 дена воопшто не работам со пензијата на татко ми живееме, тешко е но полошо е, што не знаеме до кога ќе продолжи вака“, рече еден Таксист

„Со поскапувањето тешко е бидејќи стартот  на таксиметарот е 40 денари, до државна болница достигнува 120 денари но 4 км одење и 4 км празно враќање, односно 8 км круг, ако пресметаш со нафта, тоа значи дека сме без профит“, Таксист

Граѓаните почнуваат да размислуваат за други можности за патување. На кратки патеки, малкумина се оние кои користат велосипеди и скутери. Некои велат дека почнале да одат илјадници чекори дневно.

„Поскапea  цените на дериватите, не можеш ни на работа да одиш, останавме ни ваму ни таму. Едвај се држиме со работа  која е блиску до домот, инаку не можеме“, пешак. /Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button