ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Постапката за уставни измени може да почне, а во меѓувреме да се одива политичкиот дијалог, вели спикерот Џафери

Од моментот на доставување на иницијативата за уставни измени во Собранието до нивното усвојување минимално се потребни 4,5 месеци. Процесот може да почне и без постигнат политички дијалог и да се искористат триесетте дена до првото гласање за постигнување договор, истакна на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Процедурално не е пречка да се отпочне процесот и да продолжат преговорите за политички консензус. Не е невозможна мисија имајќи ги предвид овие рокови. И додека течат тие рокови има време за дебата. Процедурално е можно, рече претседателот на Собранието.

Искажувајќи лично мислење тој смета дека процесот треба да почне и да заврши.

-Консензус е неминовен во оваа процедура затоа што не може се помине ни во една постапка без тој консензус, рече Џафери.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button