МЕТРОПОЛ

Постари од 2.600 години! Кај Каиро пронајдена гробница со сочувани саркофази

Во Египет, во некропола во близина на Каиро, се пронајдени 59 добро сочувани саркофази, стари повеќе од 2.600 години.

Египетскиот министер за туризам и антиквитети Калид Ал-Анани изјави дека саркофазите се пронајдени во многу добра состојба, пренесува NBC.

Како што се наведува, во нив се погребани група свештеници и високи функционери од доцниот период на антички Египет.

Пронајдени се и други артефакти и најмалку 28 статуи.

Ал-Анани рече дека артефактите се одлично зачувани и оти ќе бидат изложени во Големиот египетски музеј следната година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button