ВЕСТИЗДРАВСТВО

Постарите се вакцинираат – за здравје, младите – за да патуваат

Вакцинацијата продолжува, но со исклучително слаб интерес. Оние кои чекаа ред беа повозрасни и најчесто ја примаа третата доза. Во поликлиниката Букурешт во Скопје, со отворањето на вратите, пациентите со формулари в рака чекаа да ја примат вакцината против КОВИД. Граѓаните кои спасот од вирусот го гледаат во имунизацијата ги повикуваат останатите да ја примат барем првата доза.

Advertisements

Помладите кои чекаа за прва вакцина не сакаа многу да зборуваат пред камера, но повеќето ни рекоа дека се вакцинираат за полесно да патуваат во странство.

Влошувањето на епидемиолошката состојба во земјава предизвика интерес за вакцинација. Зад мене се гледа дека интересот за вакцинација е зголемен, особено за првата и третата доза.

Според официјалните податоци на Институтот за јавно здравје, стапката на смртност од Ковид 19 кај невакцинираните е 78%. Досега се дадени над 1 милион 760 илјади дози вакцини. Целосно се вакцинирани над 817 илјади граѓани, односно околу 40% од населението.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button