СПОРТФУДБАЛ

Постекоглу, влезе во историјата на Премиер Лигата со нов рекорд

Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, влезе во историјата на Премиер Лигата поставувајќи нов рекорд за најмногу освоени бодови од еден менаџер во неговите први девет натпревари во шампионатот (23).

Неговиот тим синоќа победи со 2-0 против Фулам и така тој го надмина претходниот рекорд од 22 бода кои заеднички го држеа Мајк Вокер и Гус Хидинк од нивните први девет натпревари на чело на Норвич Сити (сезона 1992-1993) и со Челси (сезона 2008-09).

„Видете, тоа е заслуга на сите во клубот. Во првото полувреме работевме навистина добро. Моравме да бидеме доста трпеливи во начинот на кој го баравме првиот гол и мислам дека Фулам беше многу добро организиран, особено во одбраната“, изјави Постекоглу.

Сепак, шефот на Тотенхем беше критичен за настапот на неговиот тим во второто полувреме откако Фулам пропушти шанси да се врати во игра.

„Мислев дека нашиот пресинг беше извонреден во текот на натпреварот. Но, нашата игра со топка во второто полувреме не беше на ниво и веројатно беа најлошите 45 минути што ги имавме досега. Мораме да останеме дисциплинирани во нашиот пристап. На крајот, Викарио направи неколку одлични одбрани за да ја зачува мрежата чиста. Затоа требаше да имаме многу подобра контрола на играта“, изјави австралиецот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button