Постигнат договор за испитите за државна матура

Државната матура ќе започне на 5 јуни, наместо на 29 мај. Ќе се одржат четири испити, два интерни и два екстерни. Државниот испитен центар ќе го врати испитот по предмети естетика-филозофија како втор екстерен испит во средните уметнички училишта. Ова е дел од конечниот договор постигнат меѓу Владата и Унијата.
„Ниту еден дипломиран нема да има проблем да се запише на престижни домашни или странски универзитети затоа што повторно ќе има четири предмети, потребни за упис на универзитетски студии. Наставниците треба да ги споделат материјалите за интерен испит и базата со прашања најдоцна во рок од три недели пред денот на испитот. Базата на прашања треба да содржи најмалку 60 а најмногу 100 прашања”, изјави Бленди Ходаи, претседател на Унијата на средношколци.
Премиерот Заев рече дека сè што е во најдобар интерес на матурантите, е прифатливо за Владата.
Договорот им овозможува на матурантите да ги менуваат положените испити до 5 март. Крајниот рок за евентуални измени е 5 март. Исто така, ќе се формира и работна група помеѓу Бирото за развој на образованието и Унијата, која ќе донесе одлука за скратување на програмите за екстерно испитување. Во меѓувреме, универзитетите се должни да објават кој од списокот на интерни предмети е соодветен за нивните студиски програми.
Мелихате Рустеми