ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата нема да го заштити Водно со посебен Закон

Нема да има специјален Закон за Водно, како што бараат екологистите. Од Владата за Алсат велат дека забелешките на невладините организации сериозно ќе бидат разгледани, но нема да се прави законско решение. Оттаму откриваат дека Министерството за животна средина почна консултации со други институции за да се анализираат забелешките на екологистите.

 Влада: „Со оглед на фактот дека веќе постои законска регулатива и надлежни институции за заштита на различните аспекти кои се покренаа како прашања во јавноста, МЖСПП смета дека истата може да се постигне со доследна имплементација на законските обврски и надлежности, а без изработка на посебен закон за Водно кој ќе би бил надвор од постоечката институционална поставеност и регулатива.“

Институциите ќе треба да најдат начин  како да ги вметнат забелешките на невладините. Ќе се бара решение за да може Водно да добие планови за управување со поплави и ерозии, одгледување и заштита на шумите, за урбанизација, како и за просторниот план на планината.

Минситерство за животна средина: „За таа цел МЖСПП упати покана до Град Скопје, Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, Министерство за транспорт и врски, Центар за управување со кризи и Дирекција за заштита и спасување.“

Околу 40 – те здруженија кои од Владата побараа да ја отповика Одлуката за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје, остануваат на ставот дека за Водно треба да се донесе посебен Закон.

 „Не можете без слух да продолжите со таква постапка. Затоа и бараме отповикување од истата на начинот на кој сега се води, а да се започне постапка која ќе понуди вистинска заштита на Водно“, изјави Татјана Стојановска, „Го сакам Водно“.        

Граѓанските организации бараат посебен закон за Водно за на тој начин планината подобро да се заштити од градежната експанзија, но и Скопје од евентуални поплави.

 

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button