ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Потребниот број на попишувачи се уште не е исполнет

Крајниот рок за попишувачи, за пописот на населението ќе биде до 25 август, додека се уште нема доволно кандидати. Сепак, премиерот Зоран Заев е уверен дека бројката ќе биде комплетирана и пописот ќе биде успешен.

Државниот завод за статистика вели дека и во двата продолжени рока за поднесување на барања за попишувачи, се уште недостасува вистинскиот број. Ова се должи на фактот дека пријавените лица не се појавиле на тестовите.

По тестирањето на кандидатите за попишувачи што се одржа изминатите неколку дена, сега собираме податоци од терен за да ја видиме фактичката состојба. Првите информации велат дека од поднесените кандидати, голем дел од нив не дошле на тестирање, што значи дека не се подготвени за конкретен ангажман во понатамошниот процес на попис. Овој број треба итно да се замени со други кандидати. Затоа го продолживме рокот на огласот – велат од Завод за статистика.

Пописот на резидентното население во земјата ќе започне на 5 септември и ќе трае до 30 септември. Во моментов продолжува онлајн пописот на дијаспората, преку апликацијата за саморегистрација.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button