ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Два месеца се работело на начинот како да се издадат личните карти со новото уставно име

Инвентивен и креативен тим во институциите овозможија да се стигне до нови лични карти без официјални измени на Законот за лични карти – вака премиерот Зоран Заев, го правдаше издавањето на личните карти без да биде усвоен законот во Собранието. ­На ова оригинално решение, институциите работеле два месеци.

 „Креативноста на правните служби, пред сè од министерството за внатрешни работи, заедно со законодавство, утврдија дека Законот за употребата на јазиците е доволна основа и самиот Устав на државата е доволен основ. На основа на членот 13, 14 и 23 од Законот за употреба на јазиците и Уставот на Република Северна Македонија се најде правната формулација и навистина за оваа креативност уште еднаш изразувам благодарност до стручните експертски слубжи во Министерство за внатрешни работи, овде во Владата, законодавство, сите коишто изнајдоа начин“.

Според опозициската партија, ВМРО – ДПМНЕ, изјавата на Заев е само замајување на јавноста.

„Заев со неговите небулозни изјави не може да го релавитизира фактот дека 40.000 граѓани ги остави во стравување за можноста нормално да функционираат и да ги користат своите права и обрски во една, во моментов, само на збор, демократска земја. Секогаш кога е ставен во агол заради нефункционирање на системот, Заев го спушта нивото на комуникација за да го релавитизира проблемот, но тоа не ги менува фактите“.

Проблемот со личните карти се создаде со промена на софтверот во МВР за печатење на новите лични карти со новото уставно име, а матичниот Закон кој требаше да го овозможи печатењето на овие обрасци заглави во Собранието, па сите лични карти  требаше да се печатат со старото име, Република Македонија. За новиот Закон се поднесени повеќе од 1.500 амандмани, главно од Левица, откако БЕСА побара во личната карта да стои и националноста на граѓанинот.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button