ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Потресни сведоштва на жени-жртви на семејно насилство

„Ме удираше по лицето и ушите. Го изгубив и слухот. Друг пат, ми се закануваше со нож… Беше многу пијан, дојде дома, ме силуваше 2-3 пати по ред. Го кренав гласот никој не ме слушаше, никој не дојде на помош. Никој не ме слушаше“…., вели една од жртвите.

Две жртви на семејно насилство од Тетово во „Емисијата 200“ на Алсат ги раскажаа своите тажни приказни. Тие решија да проговорат за нечовечкото насилство кое го трпеле со години.

„..Најтешкиот момент, беше кога виде дека нема никој дома и реши да ми го впери пиштолот…или оди земи кредит или ќе оди кај твојата фамилија. Не беа малку пари, 100 евра, 200 евра“, вели друга жртва на семејно насилство.

Бев бремена со ќерката. Ми бараше пари а јас немав, ме силуваше, ме тепаше, крвавев“, објаснува друга жртва.

Насилниците не ги избираат формите на насилство. Тие користат физичко, сексуално, психичко, емоционално, економско насилство. Во 99% од случаите жртви се жени, вклучително и малолетници. Најмладата жртва на сексуално насилство во Тетово е 13-годишна.

Најалармантна е состојбата токму во Полог, каде што нема ниту едно прифатилиште за жртви на насилство, иако во многу случаи нивните животи се во опасност.

„Проблемот на жените од Полошкиот регион е запоставен од сите институции и од сите политички партии бидејќи тој е единствениот регион кој нема засолништа, нема советувалишта“, вели Небахат Зибери Имери, психотерапевт, Центар за поддршка на жени, Тетово.

Здруженијата кои се фокусираат на жените жртви на насилство ги критикуваат институциите дека не постапуваат и не ги казнуваат сторителите на насилство.“

Заменик министерот за правда Агим Нухиу признава дека државата не успеала да се избори со семејното насилство.

„Она што нè загрижува е фактот што само 1/3 од пријавите во полиција завршуваат со судска постапка… и овде потфрливме затоа што прво не сме дале финансиска помош“, рече Нухиу.

Жртвите на насилство се соочуваат со проблеми дури и кога ги пријавуваат случаите во полиција, тие се игнорирани, па дури и охрабрени да се вратат во своите домови. Новиот закон за обештетување на жртвите на насилство, кој беше изгласан пред неколку дена во Собрание, предвидува финансиска помош за здравствените услуги и судските процеси на жртвите на насилство. Максималниот износ за жртва е 5 илјади евра.

Семра Мусаи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button