Потрошувачката кошница за една година пораснала за 1.000 денари

Трошоците за живот во април се зголемени за 10,5 отсто во однос на истиот период лани. Податоците на Заводот за статистика покажуваат дека највисок раст има кај транспортот и храната.
Раст на цените, април 2021/2022 година
Леб и житарки 17.2%
Месо 10.4.%
Масла и масти 31.9%
Зеленчук 19%
Кафе 13.3%
Бранот поскапувања започна пред речиси една година. Податоците покажуваат дека за една година потрошувачката кошничка поскапела за околу илјада денари. Од производите што најмногу ги купуваат граѓаните, најмногу поскапе маслото за јадење. Потоа следува поскапување на сите основни прехранбени производи, Еви Шкопи- новинарка
Граѓаните со кои зборувавме велат дека не можат да ги покријат месечните трошоци со платите што ги добиваат и не можат ништо да заштедат.
Високи, вртоглави цени. Платите воопшто не се поместени. Не излегува месечната плата. За секојдневни трошоци. Кошницата стана многу поскапа, Граѓанин
За само еден месец само зејтинот поскапе за над 20%. /Алсат.мк
Еви Шкопи