ВЕСТИРЕГИОН

Поведена постапка против претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора (АСК) го информира претседателот Јаков Милатовиќ дека против него е поднесена пријава под сомнение дека го прекршил Законот за финансирање политички субјекти и изборна кампања.

Advertisements

АКС поведе иницијатива за поведување на постапка поради сомнението дека претседателот на Црна Гора го прекршил Законот бидејќи на 25 септември во текот на работното време бил ангажиран на промоција на својата изборна листа односно активно учествувал во предизборната кампања.

Пријава е поднесена и поради промотивниот спот за листата „За подобра Подгорица – Јаков Милатовиќ“, кој е снимен во кабинетот на претседателот на Црна Гора.

Милатовиќ има рок од пет дена да се изјасни за обвинувањата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button