ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повеќе од 100 пријави за лоши здравсввени услуги до Хелсиншкиот комитет

Повеќе од 100 пријави за лоши здравсввени услуги до Хелсиншкиот комитет

За една година биле поднесени 157 граѓански пријави за лоши здравствени услуги во јавниот и приватниот сектор. Хелсиншкиот комитет за човекови права го објави извештајот од каде велат дека 93 предмети се процесуирани, а 64 предмети се повлечени од одредени причини. Во рамките на проектот „Повреда на човековите права во областа на здравството“, по повикот за правна помош од граѓански организации, во Обвинителството се отвориле 4 предмети под сомнение за сторени кривични дела.

Присутните лекари не сакаа да зборуваат за конкретни случаи, како што беше смртта на 6-годишното девојче од Битола.

Документот е подготвен со финансиска поддршка на Шведската агенција за развој на меѓународна соработка овозможена преку фондацијата „Балканска мрежа за развој на граѓанското општество“. Бидејќи интересот на јавноста за оваа тема се интензивира по објавувањето на документарниот филм на Истражувачката новинарска лабораторија (ИРЛ) „Нечиста крв“, наодите од истражувањето сумирани во Извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права дојдоа до израз./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button