ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Граѓаните против зголемувањето на платите на политичарите

Граѓаните против зголемувањето на платите на политичарите

Граѓаните се револтирани по одлуката на уставниот суд со која на министрите, пратениците и другите функционери им се дозволува зголемување на платите. Не ги заслужуваат ниту платите што ги земаат, велат анкетираните граѓани. Според нив, одлуката на судот е понижувачка за многубројните граѓани кои не можат да врзат крај со крај.

„Кои се тие, не се привилегирани, да збориме како што треба, тие земаат голема плата. Кои се тие? Тие се претставници на народот, треба да земаат просечна плата, треба да работат на решавање на проблемите на овој напатен народ, а не на решавање на сопствените проблеми, на членовите на нивните семејства, тие ги зголемуваат платите колку што сакаат. Сметам дека платите треба да им останат исти и да се зголемат платите на луѓето, да имаат стандард, да наполнат ќеса со храна, да ручаат или појадуваат дома“, изјави еден граѓанин.

„ Не работат, ништо, само земаат. Во Охис работев во хемиската фабрика, веќе 10 години ми должат 16 плати, откако фабриката отиде во стечај. Како им покачија плати, пензиите останаа за никаде, сега ни покачија 8,4%. Кога судот е корумпиран со министрите, што сакате од нив“, рече еден граѓанин./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button