ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Одлуката на Уставен сепак ќе донесе покачување на платите

Одлуката на Уставен сепак ќе донесе покачување на платите

Владата оценува дека одлуката на Уставниот суд со која се овозможува зголемување на платите на функционерите е конечна и треба да се почитува. Но, од Владата велат дека тоа не значи дека платите автоматски ќе се зголемат за 78%. Покачување на платите ќе има, но до кој степен не се знае. Од Владата велат дека ќе ја разгледаат можноста за намалување на коефициентот за пресметување на платата.

„Иако основите за пресметување на платите според одлуката на Уставниот суд овозможуваат раст, Владата ја разгледува можноста за намалување на коефициентите за пресметка на плати за именуваните лица за кои постои законска можност, за да не се оптоварува буџетот. Ги повикуваме и другите страни да го сторат истото, во рамките на нивните законски овластувања. Истовремено, апелираме да не се шпекулира и користи популистичка реторика и активности, да се зборува реално и со факти“, велат од Влада.

Од Уставниот суд велат дека тие не се орган кој одредува плати. Но, велат дека на барање на адвокатот Бојан Стојевски го разгледале Законот за плати и го укинале членот 4 во кој основицата за пресметување на платите е 26.755.00 денари. Прв на ваквата одлука реагираше претседателот Стево Пендаровски. Тој вели дека е несоодветно во време на економска криза да се зголемуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет и апелира Владата да најде решение за намалување на поените.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека платите на политичарите се ниски, но тие треба да бидат последни што ќе се покачат.

„Секој политичар кој вели дека не му е важна платата, тоа не е добра порака, бидејќи веројатно има друг извор. Немам друг извор на живот освен оваа плата. Разбирливо е дека секој сака да има поголеми можности, но од етички аспект мислам дека политичарите треба да бидат последни на листата на граѓани кои треба да имаат покачување на платите“, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа веднаш да им се намали коефициентот на плата на функционерите, бидејќи тие не се граѓани од посебен ред.

По одлуката на Уставниот суд, се појавија две проценки дека покачувањето на платите ќе се зголеми до 78%, додека другата дека функционерите ќе земаат повисока плата за 19% повеќе од сегашната./Алсат.мк

Мефаил Исмаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button