ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Беса и Алијанса бараат изедначување на албанскиот и македонскиот јазик

Беса и Алијанса бараат изедначување на албанскиот и македонскиот јазик

Движењето Беса бара од Министерството за правда и од Владата во рамките на уставните измени да се разгледа и амандманот 5 со кој се регулира употребата на јазикот. Во доставеното писмено барање, Беса го презентираше и начинот како треба да се формулира амандманот 5.

„На целата територија на Република Северна Македонија и во меѓународните односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо. Движењето БЕСА нема забелешки за вметнување на бугарската заедница во преамбулата на уставот на државата, но инсистира да се смени амандманот 5 од Уставот и албанскиот јазик да се изедначи со македонскиот јазик“, рече Фатмир Сабриу, Движење Беса.

Алијанса за Албанците бара отстранување на 20 отсто од Уставот кога ќе се вметнува и бугарската заедница.. Иако пред неколку дена министерот за правда Кренар Лога рече дека преамбулата е приоритет, но ќе се разговара и за други прашања, првиот човек на АА Арбен Таравари вели дека промените треба да се случат сега.

„Албанскиот јазик треба да се именува како таков и по грешка повеќе да не се нарекува „20%“. Предлагаме оваа промена да се случи сега и убедени сме, не само во договорот на албанските партии, туку и во договорот на сите партии во Македонија“, велат од Алијанса за Албанците.

Потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „Патот кон…“ на Алсат изјави дека мора да се очекува нов момент за бришење на 20 отсто од Уставот.

Во врска со преговарачката рамка, уставните измени мора да завршат во ноември. Главното барање е вклучување на бугарското малцинство во преамбулата на Уставот./Алсат.мк
Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button