ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повеќе скопски населби утре без струја

Повеќе скопски населби утре без струја

Од 8:00 до 15:00 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Рашид Џафер“ од бр. 8 до бр. 15 во Општина Чаир, а од 8:30 до 12:00 часот дел од жителите од Сопиште, над Општината на патот кон селата Горно и Долно Соње.

Без снабдување со струја утре од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од булеварот „ВМРО“, спроти Поштата на аголот кон булевар „Партизански Одреди“ во општина Центар, а од 9:00 до 13:00 часот дел од корисниците од зграда бр. 6 на улица „Христо Ботев“ во Општина Гази Баба.

Во временскиот период од 9:00 до 14.00 часот без струја ќе бидат корисниците од Новоселски Пат, околу бензинската пумпа „Петрол Оил“ и КАМ маркетот во општина Ѓорче Петров.

Без струја утре од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од објектите до СОУ „Рајко Жинзифоф“ по главната улица, ул. „Саса“ 2 и улиците „1513“ и „1515“ во Пинтија, општина Кисела Вода, корисниците од улицата „Илија Димовски Гоце“ во општина Аеродром и викенд куќите во селото Побожје, општина Чучер Сандево.

Од 10:30 до 15:00 часот утре без струја ќе бидат дел од жителите на Бардовци и месноста викана Рупа во општина Карпош.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електродистрибутивната мреж

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button