МАКЕДОНИЈА

Повредено лице од Куманово откако врз него паднал предмет од зграда

Дваесет и петгодишно лице од Куманово Б.Ф е повредено на плоштадот „Маршал Тито“, откако врз него паднал тврд предмет од зграда, информираше денеска полицијата.

Advertisements

Настанот се случил вчера во 20:42 часот. Екипа од кумановската полиција извршила увид на местото на настанот. Повреденото лице било пренесено  во општата болница, за укажување лекарска помош.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button