ВЕСТИРЕГИОН

Повторно дојави за бомби во училишта во Србија

Во едно училиште во Белград и во десетина други во Мајданпек, Ниш и други градови добија дојави за бомби поради што дел од нив ги известија родителите да не ги пуштаат децата на училиште и дека наставата денеска ќе се одржува онлајн.

Корисници на социјални мрежи ја потврдиле таа информација објавувајќи дека пријави стигнале и до училишта во општините Ада, Кикинда и Врбас. Во Мајданпек во тек се проверки, а на самото место излегле пожарникари и Итна помош.

Дојави за бомби пристигнале и во неколку основни училишта во Валево.

Дојави за бомби добија и две основни училишта во Нови Пазар, а полицијата го блокираше тој дел од градот бидејќи во непосредна близина се градинка и зграда на Полициската управа.

Според Бета, дојава за бомби пристигнала утрово на адресите на сите основни училишта во Расински Округ, Ниш, Пирот и Бабушница.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button