Повторно не успеа конституирањето на собранието на Косово
Повторно не успеа конституирањето на собранието на Косово

Уште еден безуспешен за избор на претседател и потпретседатели на Собранието на
Косово. Самоопределување инсистира Хаџиу да биде спикер на Собранието, додека по 3
последователни неуспеси и по отсуство на политички договор, Глаук Коњувца од
Самоопределување побара дополнително време за постигнување на евентуален политички
договор.
„Самоопределување несомнено го има истото име, тоа е Албулена Хаџиу како
што беше предложено, но бидејќи видовме дека сите политички субјекти кои вчера се
произнесоа дека ќе имаат ист став и на оваа седница, мислам дека оваа политичка
ситуација не може да се реши без политички договор, бараме дополнително време за да
не се повтори ситуацијата што ја имавме 3 пати по ред во Собранието на Република
Косово„, рече Глаук Коњуфца, Самоопределување.
“Мемли Красниќи, истакна дека оваа ситуација не и одговара на една институција,
подвлекувајќи дека партијата со мнозинство има право да предлага, но не и да наметнува
претседател на парламентот. Тој тврди дека блокадата го прави мнозинството.
„Излезот е веќе јасен Самоопределување треба да најде друг кандидат или
кандидати, бидејќи кандидатот кој не успеал повторно нема да успее да го добие
мнозинството и сметам дека не треба да го држиме Собранието на Косово во
заложништво и следната Влада во заложништво поради каприците. Кандидатот Хаџиу нема да ја има нашата поддршка под никакви околности и во ниту еден момент“, рече Мемли Красниќи, ДПК.
Хикмете Бајрами рече дека со инсистирањето на името на кандидатот, Самоопределување
бара пратениците да гласаат според нејзината волја, а не според волјата на пратениците.
„Барање за дополнително време за уште 48 часа за постигнување на политички договор, каде што априори инсистира дека нема да го смени името на кандидатот и истовремено инсистира дека тоа е нивно право, од друга страна, исто така, побара од пратениците да гласаат според волјата на Самоопределување, а не според нивната волја, ова едноставно не е волја за политички договор„, рече Хикмете Бајрами, ДСК.
За во среда е закажано продолжението на конститутивната седница за деветтиот
законодавен дом на Собранието на Косово./Алсат.мк
Ајнур Бафќари