Повторно прекината конститутивната седница на новиот Парламент на Косово
Повторно прекината конститутивната седница на новиот Парламент на Косово

Претседавачот со конститутивната седница на новиот состав на Парламентот на Косово, Авни Дехари, го прекина денешното заседание откако кандидатката на Самоопределување за претседател на законодавниот дом Албулена Хаџиу не ги доби потребните 61 глас во вториот круг од гласањето. По паузата, пратениците на Самоопредување на Албин Курти, повторно ја предложија Хаџиу за претседател на Парламентот, но како и при првото гласање таа доби 57 од потребните 61 глас.
Седницата беше прекината за 48 часа, до понеделник во 15 часот.
Како што објавија косовските медиуми, за изборот на Хаџиу гласаа сите пратеници на Самоопределување и повеќето од пратениците од малцинските несрпски заедници. Против беа пратениците на Демократскиот сојуз на Косово, воздржани пратениците од Социјалдемократската иницијатива, а на гласањето не учествуваа пратениците на Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и на Српската листа./Алсат.мк
Ајнур Бафќари