Повторно се одложи изборот на шефови на вишите обвинителства во Скопје и Гостивар
Повторно се одложи изборот за шефови на вишите обвинителства во Скопје и Гостивар и на основните обвинителства во Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци и Куманово.
Причината за одложувањето е што на седницата не присуствуваше републичкиот обвинител Љубомир Јовески кој бил болен и задржан на лекување. Со неговото отсуство го немаше потребниот број од осум членови кои се неопходни за да се врши избор.
За да не останат без шефови, на овие обвинителства привремено им се назначија в.д. шефови. Како вршители на должност се назначија актуелните шефови, освен во ВЈО Гостивар каде шеф беше Ислам Абази кој минатата недела седна во шефовското столче во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Таму за в.д. шефица ја назначија Влојца Имази.