ВЕСТИРЕГИОН

Сѐ поголем број млади од Косово заминуваат во странство

Економската ситуација, војната во Украина, нерешените спорови во регионот, го прави Западен Балкан, понесигурно место за младите, кој својата иднина ја гледаат надвор од своите држави. Младите Албанци и Срби велат дека неопходно е политичките елити да ги надминат проблемите, за да можат да продолжат да живеат во мир.

„Ситуацијата ме загрижува. Прашањето меѓу Косово и Србија е повеќе политичка работа и политика на прашање на пропаганда на медиумите, она што го пласираат. Исто така е прашање и на црквата. Ние младите можеме повеќе да соработуваме да ги посетуваме местата помеѓу себе и така да придонесуваме за мир. Друга работа е што политичарите од Србија и Косово се тие кои ги пропагираат тие проблеми, а не ние младите“, вели Гент Красниќи, Косово.

„Можен е компромис помеѓу Србите и Албанците на Косово. Ако се вратиме во минатото, Србите и Албанците од секогаш живееле заедно. Некогаш и во училиште го учеле јазикот едни на други, така да може да се заборави личниот интерес и да дојдеме до некој заеднички интерес и да продолжиме да живееме заедно. Сѐ повеќе млади заминуваат од Косово и се плашам доколку добиеме визна либерализација дека тоа ќе биде уште поголем проблем“, рече Манојла Петровиќ, жителка на Грачаница.

А, секој трет млад Македонец живее на раб на сиромаштија, покажува истражување на Младинскиот сојуз од Крушево. Тоа покажуава колку млади размислуваат да се иселат од државата.

„Се чувствува зголемено иселување.На пример најбрзо растечко малцинство во Германија е бугарското малцинство,а ние мора да признаеме дека многу наши со бугарски пасоши се иселуваат.Како Бугари што се декларирани во Германија еден добар процент се наши граѓани.Тоа треба сите да се заинтегрира“, вели Методија Стојчески, извршен директор на Младински сојуз Крушево.

Новата амбасадорка на САД во Македонија, порача дека младите се клучот за создавање подобра иднина за луѓето во регионот.

“Денес за вашата иднина и иднината на вашата генерација имате нов предизвик, а тоа е ЕУ интеграцијата. Оваа земја и овие граѓани направија повеќе од доволно за да ги отворат преговарачките процеси. Влегувањето во ЕУ ќе ја направат по просперитетна и по стабилна оваа земја“, рече амбасадорката Агелер.

Педесеттина млади од Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина во Охрид зборуваа на меѓународна конференција „Објективот на младите за мир и помирување“.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button