ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повторно ветувања за нови учебници без грешки и пропусти

Малкумина се наставниците кои го кренаа својот глас против навредите и грешките во книгата за Социологија, за средношколците со настава на албански јазик. Лиман Алији, кој предава социологија во гимназијата Зеф Љуш Марку во Скопје, рече дека со овие наставни единици се соочувал од 2002 година, кога бил ученик во средно училиште. Од тогаш па до денес, Алији рече дека ништо не се сменило .

Advertisements

„Македонските ученици ова го зедоа здраво за готово и денес, кога поминаа генерации скоро 20 години … продолжуваат да живеат и да се убедени според книгата за социологија. Требало да се дискутира, секако, не се оправдувам себеси, а и моите колеги, но и сите други професори кои предаваат социологија, овој проблем требаше да се забележи уште порано, книгата е од 2002 година“, вели Лиман Алији, наставник по социологија, средно училиште „Зеф Љуш Марку“.

Алији додава дека покрај предрасудите и навредите, книгата содржи и многу јазични грешки. Алији апелира до соодветните институции да вклучат социолози Албанци во составувањето на нови книги за социологија.

„Во мултиетничко општество каде што живеат неколку етнички групи, не е во ред книгите да ги прави само македонската етничка група, и истите да им се даваат на Албанците да читаат од тие книги. Тие мора да бидат консултирани од двете страни, од двете етнички групи, а преведувачите на книгите исто така мора да бидат соодветни лица. Книгата за социологија има и други грешки во преводот, но и други грешки кои се тенденциозни“, додава Алији.

Министерството за образование соопшти дека во рамките на планот за целосна реформа на образовниот систем, еден од главните чекори е обезбедување квалитетни учебници во основното и средното образование. Понатаму, од Министерството за образование изјавија дека недостатоците во многу учебници ќе бидат целосно отстранети и систематски ќе се решаваат. Сојузот на средношколци и младинскиот форум на Алијансата за Албанците и Алтернатива, веќе неколку пати реагираа за книгата за социологија, и јавно ги запалија навредливите страници на книгата.

Книгата за социологија со навредлива содржина се користи повеќе од 20 години и оттогаш па сѐ до денес со МОН раководеле петмина министри Албанци, кои освен ветувања не направија ништо за да издавање нови учебници, или да ги елиминираат навредливите содржини и бројни други правописни и содржински грешки.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button