МАКЕДОНИЈА

Пауновски: Поради одредени субјекти кои тераат инает трпи целата угостителска дејност

Одредени субјекти поради кои трпи целата угосителска дејност, тераат инает и кон себе и кон граѓаните и кон пазарните инспектори. Кон таквите немаме милост и мораме да постапуваме согласно законот, рече денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Пауновски на прес-конференција во Владата соопшти дека за жал, и по една година од пандемијата, се уште има угостители, но и граѓани кои не ги почитуваат протоколите. Инспекторите се секојдневно на терен, а ако има потреба дејствуваат и со асистенција на полицијата.

-Она што се случува од одредени субјекти поради кои трпи целата угосителска дејност, сметаме дека е терање инает и кон себе и кон граѓаните и кон пазарните инспектори. Од Нова година до денес имаме преку 78 затворени објекти поради непочитување на протоколите, за работење преку работното време и за нерегистрирани даночни обврзници. За жал, и по една година се соочуваме со субјекти, претежно угостителски објекти, но и граѓани, кои дозволуваат да се направат пропусти кои ние ги санкцицонираме. Повеќе пати сум кажал дека во поголем број случаи успеваме да затекнеме на лице место и тогаш веднаш постапуваме, истакна Пауновски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button