ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со вакцини на Фајзер, Астра Зенека и Спутник досега вакцинирани над 12 илјади граѓани

Над 12 илјади граѓани се вакцинирани против Ковид 19. До денес, од 20 илјади руски вакцини што стигнале како донација од Србија, дадени се околу 7500. И покрај потрошените вакцини, министерот за здравство вели дека нема да има прекинување на процесот на вакцинација. Вели дека дополнителни дози за стари лица и други ранливи категории во државната инфраструктура се очекува да пристигнат до крајот на април.

По вчерашната средба со трите приватни болници, Филипче најави дека осум лекари од приватниот сектор ќе се приклучат на државните клиники за да им помогнат на своите колеги. Во врска со високите цени за лекување на пациентите со Ковид во приватните болници, министерот рече дека државата нема надлежност да ги намалува нивните цени.

Инаку, 20% од заинтересираните граѓани за вакцинација не се пријавиле на закажаниот термин преку матичниот лекар.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button