ВЕСТИСВЕТ

Пожар во луксузна населба во Лондон – десетина жители се повредени, а повеќе од 130 се евакуирани

Единаесет лица биле префрлени во болница откако избувнал пожар приземјето во куќа со повеќе посебни станови во луксузната лондонска населба Јужен Кенсингтон, кој брзо се проширил на другите катови, пренесува „Гардијан“.

Петнаесет противпожарни возила и околу 100 пожарникари интервенирале да го изгаснат пожарот во станбениот објект што се наоѓа во близина на Природонаучниот музеј.

Лондонската противпожарна бригада на социјалната мрежа Икс објави дека 11 лица се хоспитализирани поради вдишување чад, но и дека околу 130 жители морале да бидат евакуирани од имотот каде што започнал пожарот, како и од соседните згради.

Противпожарната служба соопшти и дека било запалено половина од приземјето на зградата.

„Пожарот се прошири од приземјето до горниот кат и покривот на имотот. Екипите работат исклучително напорно за да го локализираат ширењето на соседните згради“, рече директорот на станицата Стив Колинс.

Оттаму велат дека причината за пожарот сè уште не е позната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button