ВЕСТИРЕГИОН

Пожари и во Албанија: Кај Валона огнот се приближува до нафтените бушотини

Пожарот во селото Гориште кај Валона сѐ уште е активен, а ситуацијата е многу сериозна бидејќи огнот се приближува до нафтените бушотини, пренесуваат „Репортери“. Како што наведува медиумот, пожарникари и жители на областа се борат со огнот, но пожарот сѐ уште не е ставен под контрола.

Advertisements

Во моментов во Албанија се активни неколку пожари, а синоќа пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот кај Малакастра.

Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши рече дека најкритична е ситуацијата кај Логар и кај Кукс, во близина на тунелот „Калимаш“, на автопатот Приштина-Драч.

Овој пожар тлее веќе неколку дена, поради што локалните жители и добитокот беа евакуирани во понеделникот вечерта.

Пожарникарите успеаја да го стават под контрола пожарот што избувна во националниот парк Jогара, додека ситуацијата по пожарот на планината Дукат е нормализирана.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button